16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Седум лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа во Турција

Најмалку седум лица загинаа, а 11 се повредени во денешниот судир на камион и патнички автобус во провинцијата Агра на истокот на Турција.

„Седум наши граѓани ги загубија животите кога автобусот налета на камион и се запали“, потврди турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Силен црн чад извира од местото на несреќата, а локалните медиуми јавуваат дека бројни патници се здобиле со тешки изгореници.

„Голем број спасувачи се испратени на местото на несреќата, а спасувачките напори продолжуваат“, се вели во соопштението на турското Министерство за внатрешни работи.

Спонзорирано: