10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Лукашенко: Европските лидери се лудаци, тие само го разгоруваат пламенот

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изрази уверување дека граѓаните на европските земји сакаат да живеат во мир, но властите во тие земји не можат „да го изгаснат пожарот во сопствениот дом“.

„Германија, (но и цела Европа) сега немаат лидер, а и да имаат, не можат да го изгаснат пожарот ниту во својата куќа“, рече Лукашенко.

Лукашенко оцени дека Европејците не сакаат војна, бидејќи доволно добро разбираат што се случува денес во Украина.

„Овде во Белорусија исто така се обидуваат да подметнат пожар. Утре цела Европа ќе биде запалена“, рече Лукашенко и порача дека Европејците треба да престанат со конфронтацијата која веќе резултираше со конфликт на територијата на Украина.

Лукашенко ги опиша европските лидери како лудаци кои го разгореа пламенот во регионот и не можат „да му кажат не на Вашингтон“.

Спонзорирано: