10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

382 лица се уапсени за шверц на „балканската рута“.

28 европски земји ги здружија силите во борбата против трговијата со дрога и огнено оружје, шверцот на мигранти и трговијата со луѓе по „Балканската рута“, а заедничката акција од 26 до 29 октомври резултираше со апсење на 382 лица и покренување на нови 130 истраги.

Хрватската полициска управа во петокот соопшти дека акциите, кои опфаќаат интензивни контроли на надворешните граници на Европската унија, се координирани од Шпанија и Европол, а се финансирани од програмата ИПА/2019.

Европравда, Фронтекс, Интерпол, СЕЛЕК и други меѓународни организации исто така дадоа поддршка за оперативните активности на 18 земји од ЕУ и 10 трети земји, пренесува Хина.

Деновите за заедничко дејствување EMPACT беа планирани врз основа на пристап предводен од разузнавачки информации, кој вклучуваше соработка на низа агенции за спроведување на законот, вклучително и полицијата, царината, агенциите за имиграција и граничната контрола.

Операциите главно беа спроведени на Балканот и Југоисточна Европа, а 16.000 полицајци беа вклучени во операции на терен, додека националните тела координираа специјални активности насочени кон мрежите за трговија со луѓе вклучени во трудова и сексуална експлоатација и принудно питачење.

Уапсени се 382 лица, од кои повеќето биле вклучени во трговија со дрога, олеснување илегална миграција, фалсификување документи и трговија со огнено оружје, а апсењата и запленетите докази им овозможиле на органите на прогонот да покренат 130 нови истраги.

Проверени се 74.924 лица, претресени се 998 локации, прегледани 32.665 возила и проверени 2.004 пакети/пратки.

Од вкупно 382 апсења, 159 од нив се поврзани со криумчарење мигранти, 112 за трговија со дрога, 38 за трговија со огнено оружје, две за трговија со луѓе и 71 за други кривични дела.

Откриени се 2.476 нелегални влезови.

Запленети се 106 огнено оружје, 304 килограми хероин, 147 килограми и 5.402 стебла марихуана и 1,3 килограми кокаин.

Спонзорирано: