22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАСВЕТТОП ВЕСТИ

Путин го вознемири светот: Во разговорот со Макрон ги спомна Хирошима и Нагасаки

Рускиот претседател Владимир Путин го вознемири Западот спомнувајќи ги Хирошима и Нагасаки во разговор со неговиот француски колега Емануел Макрон, според дипломатски извори, а пренесува Дејли Мејл.

Путин, наводно, му рекол на Макрон дека нуклеарните бомби кои доведоа до предавање на Јапонија и го означија крајот на Втората светска војна, вклучително и оние фрлени на Хирошима и Нагасаки, покажаа дека „не мора да ги напаѓате големите градови за да победите“.

– Макрон беше крајно вознемирен. Звучеше како многу тежок навестување дека Путин би можел да активира тактичко нуклеарно оружје во источна Украина, оставајќи го Киев недопрен. Се чини дека тоа е смислата на неговите закани – рекол извор од француската влада, пишува Дејли Мејл.

Путин и Макрон разговараа за ризикот од употреба на нуклеарно оружје. Путин сакаше да ја пренесе пораката дека сите опции се на маса. Патем, безбедносната служба на Украина наводно му кажала на Володимир Зеленски дека постои многу висок ризик Русија да користи тактичко нуклеарно оружје.
„Дејли мејл“ потсетува дека и самиот Путин предупредил дека сигурно ќе ги искористи сите расположливи средства доколку западните сили го загрозат интегритетот на руската територија.

Да потсетиме, во експлозиите во Хирошима и Нагасаки загинаа меѓу 129 и 226 илјади луѓе, а повеќето од жртвите се цивили. Шест дена по фрлањето на нуклеарната бомба врз Нагасаки, на 15 август, Јапонија им се предаде на сојузниците.