22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Кличко: Киев може да остане без струја, вода и парно

Киев би можел да остане без струја, вода и греење, изјави денеска градоначалникот на украинската престолнина Виталиј Кличко, а пренесува украинскиот портал „Страна“.

Тој посочи дека градот прави се тоа да не се случи.

Како што јави Спутник, Кличко изјавил и дека веќе се подготвени залихи на гориво, агрегати, храна и вода, а направени се и грејни пунктови.