23.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Песков за ситуацијата меѓу двете Кореи: „Ситуацијата е веќе доволно тешка“

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги повика властите на двете Кореи, како и другите инволвирани страни, да се воздржат од дополнителни провокации.

Коментирајќи ги последните инциденти во близина на демаркационата линија меѓу Северна и Јужна Кореја, Песков рече дека ситуацијата е веќе доволно тешка и дека не треба да се влошува, пренесува „РИА новости“.

На прашањето за потенцијалниот напад на Иран врз Саудиска Арабија, Песков рече дека Русија нема такво знаење, ниту е јасно од каде доаѓа.

Околу одлуката на Варшава да подигне бариера на границата со регионот Калининград, Песков одговори дека тоа е внатрешно прашање на Полска и дека треба да се обратат до нивните власти.