17.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Заштеда на струја: Канцелариите и продавниците во Париз ќе ги исклучат светлата по работното време

Канцелариите и продавниците во Париз, главниот град на Франција, ќе ги исклучат светлата по работното време.

Со одлука на градот Париз да заштеди струја, од денеска канцелариите и продавниците во Париз ќе ги исклучат светлата на крајот од работното време.

Одлуката се однесува на дигиталните екрани во излозите и осветлувањето.

France Bleu, мрежа на локални и регионални радио станици во Франција, објави дека компаниите кои нема да ја почитуваат одлуката ќе бидат казнети од 750 до 1.500 евра.

Рекламните билборди, за кои е надлежен градот, од 1 декември ќе бидат исклучени во периодот од 23:45 до 06:00 часот.

Спонзорирано: