Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Патник се соблекол гол до појас и викал „УЧК“ на летот од Брисел за Скопје, приведен во полиција

Косовски државјанин се соблекол гол до појас, викал „УЧК“ и агресивно се однесувал кон патниците на денешниот лет на „Визер“ од Брисел за Скопје, пренесува СДК.мк.

„Засега е познато дека станува збор за косовски државјанин кој е задржан на граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје поради агресивно однесување. Се работи на расчистување на случајот“, изјавиле од Министерството за внатрешни работи за порталот.

Мажот бил веднаш приведен по слетувањето на скопскиот аеродром околу 12.30 часот.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +