24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАСВЕТТОП ВЕСТИ

Руски дебакл: Путин ја менува тактиката? „Тие не успеаjа на фронтот“

Руската армија „не успеа на фронтот“ и затоа се повеќе ја гаѓа цивилната инфраструктура, изјави за ДВ градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.

Тој ги повика европските земји да продолжат да ја поддржуваат Украина.

Граѓаните на Киев повторно имаат струја и вода, објави во вторникот (1 ноември) на социјалните мрежи градоначалникот Виталиј Кличко.

Украинските власти во понеделникот соопштија дека Русија истрелала 55 крстосувачки ракети врз инфраструктурни цели, оставајќи голем број луѓе без вода и струја.

Во понеделникот Кличко за ДВ изјави дека 80 отсто од жителите на Киев се без вода, а околу 350.000 домаќинства се без струја.

Како што рече градоначалникот на украинската престолнина, Русија е насочена кон инфраструктурата за да го наруши секојдневниот живот на обичните Украинци. „Русите ја менуваат тактиката. Не успеаја на фронтот и сега се обидуваат да ја уништат критичната инфраструктура“, рече Кличко.

Тој ја опиша таа тактика како „терористичка“.

„Луѓето се многу лути поради тоа, а ние сме подготвени да ги браниме нашите домови, нашите градови и нашата татковина.

Апел до европските земји
Поранешниот боксерски шампион, кој дојде на чело на украинската метропола во екот на протестите на Мајдан во 2014 година, апелираше до европските земји да продолжат да ја поддржуваат Украина.

„Ве молиме, останете со Украина. Тоа е многу важно за нас. Бидејќи ние се бориме не само за нашите домови и земја, ние го браниме секој од вас во Европа“, додаде тој. „Ние се бориме за демократски вредности.

„Не е тајна дека Путин се претставува како човек кој собира поранешни руски имоти за да ја обнови советската или руската империја“, изјави Кличко за ДВ.