17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТ

Медиуми: Вучиќ издаде наредба и ги крена „Миговите 29“

Претседателот на Србија и врховен командант на вооружените сили, Александар Вучиќ денеска издаде официјална наредба.

Во него се наведува дека сите непријателски беспилотни летала на територијата на централна Србија треба веднаш да бидат уништени.

Како што дознава „Новости“, претседателот се одлучил на ваков чекор по инцидентот што се случи во областа над Мердар и во околината на Рашка, кога непознати дронови ги набљудуваа касарните и позициите на Вооружените сили на Србија.

За да се спречат понатамошни непријателски активности, српските „мигови 29“ беа подигнати во акцијата на набљудување и евентуален напад на непријателските авиони. Недолго потоа, забележаните објекти го напуштиле воздушниот простор на централна Србија, а доколку не го стореле тоа, ќе биле уништени бидејќи врховниот командант издал наредба за итно дејствување со противвоздушно оружје.