20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Стојменов: Љубчо, Доста и ВМРО ДПМНЕ се финансираа од мојата фирма и од општина Кисела Вода

Борис Стојменов, сопственик на Канал 5 телевизија, поранешен министер и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, во синоќешното издание на емисијата Во центар откри детали од неговото политичко и животно минато.

-Кај мене на платен список беа Љубчо Георгиевски, Доста Димовска и Снешка. Преку мене се финансираа, Љубчо го водевме како референт за даноци. Доста седеше и земаше пари.

-Вмро се финансираше и преку Општина Кисела Вода односно преку Марјан Ѓорчев. Преку мојата фирма пари се внесуваа во ВМРО, а зградата на ВМРО, јас ја зедов под кирија и на првиот кат мојата компанија плаќаше кирија. Од СИЗ за домување беше откупена подоцна, а јас овозможив таа зграда да стане сопственост на ВМРО.

Тој вели дека Борис Трајковски само тој го поддржувал.

-Доста еднаш го истера од канцеларија, му викаше чукни прво па после ќе влезеш – си играа со него.Ден Дончев јас го донесов, мој човек беше. Го контролирав, уште тогаш му лепеа прстите.Павле Трајанов беше вклучен во преговорите со Грција за ОКТА, вели тој.

Спонзорирано: