14.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

ПУКАЊЕ ВО ФЛОРИДА: Едно лице загина, полицијата го рани напаѓачот

Во престрелката во главниот град на Флорида, Талахаси, едно лице загина, а осум се ранети.

Полицијата застрелала еден од тројцата осомничени кој подоцна бил приведен, соопштија денеска властите.

Пукањето се случило на паркингот во продавница за алкохол и ресторан, кога маж пукал во толпата, а потоа почнал да трча кон ресторанот за брза храна.

Полицијата го следела и го застрелала најмалку три пати, изјави началникот на полицијата во Талахаси, Лоренс Ревел на прес-конференција.

Осомничениот не е сериозно повреден и е приведен, изјави Ревел.

Властите сè уште истражуваат што довело до пукањето.