5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈА

Короната и натаму присутна: 71 новозаразени

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 28.10 до 30.10.2022):

Направени се 819 тестови, а регистрирани се 71 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 47, Прилеп – 9, Охрид – 3, Битола и Кичево – по 2, Куманово, Струмица, Штип, Кочани, Гевгелија, Крива Паланка, Богданци и Демир Капија – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (71), регистрирани се 10 реинфекции.

Регистрирани сe 86 оздравени пациенти од: Скопје – 63, Прилеп – 9, Битола – 8, Штип – 2, Куманово, Кавадарци, Неготино и Кратово – по 1.

Во текот на изминатите 3 дена (28.10 – 30.10.2022) не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, не се пријавени починати лица.