14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Сменет високиот руски генерал Лапин, кој беше критикуван од Кадиров

Рускиот генерал-полковник Александар Лапин, кој командуваше со Централниот воен округ е разрешен од функцијата, пренесуваат руски медиуми, вклучително и независниот медиум Медуза. Но, се уште нема официјални информации за отказот на Лапин.

Деновиве Лапин беше под критики од чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, поради неговото повлекување во регионот Сват. Лапин е одговорен за одбрана на областа во северниот дел на регионот Доњецк, каде што украинските сили неодамна пробија.

За оставката на Лапин извести и чеченската државна радио и телевизија Грозни, без да наведе извори. Рускиот „патриотски“ канал на Телеграм „Сива зона“ објави дека има информации дека Лапин е сменет од функцијата.

Во 2017 година, Лапин стана командант на Централниот воен округ на Русија, а неговиот армиски центар, кој тој го водеше во Украина, го зазеде регионот Луганск.

Рускиот претседател Владимир Путин летоска го почести Лапин со титулата Херој на Русија. Лапин бил одликуван за заземањето на Лисичанск, додека Кадиров вели дека „всушност не бил никаде во близина“. Во изминатиот месец Кадиров двапати го критикуваше Лапин. На почетокот на октомври тој за Лапин рече дека е „генерал без талент“ и дека е „просечен“ поради повлекувањето од Лиман во северниот регион Доњецк.

На крајот на месецот Кадиров рече дека Лапин им дозволил на украинските сили да се пробијат до еден дел од фронтот.

Спонзорирано: