14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Експлозија на автомобил-бомба во Сомалија, голем број загинати

Голем број луѓе загинаа кога два автомобил бомби експлодираа на фреквентна раскрсница во Могадишу, во непосредна близина на административните згради.

Експлозијата се случи додека во Могадишу се одржува состанок на високи функционери за борбата против екстремизмот, особено против Ал Шабаб, организација поврзана со Ал Каеда.

Дописникот на АП од местото на настанот јави дека на местото на експлозиите биле видливи многу тела и дека сè укажува на тоа дека станува збор за цивили кои биле во градски сообраќај. Тој изјави дека втората експлозија одекнала пред преполн ресторан.

Нападите на Ал Шабаб често се насочени кон прометни локации.

Спонзорирано: