11.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Украина: Погоден хотел во кој престојувале новинари

Во Никопоље, во близина на Запорожје, во текот на ноќта бил погоден хотел во кој престојувале новинари, јави дописникот на австрискиот јавен сервис ОРФ Кристијан Версиќ.

Околу еден часот по полноќ, граната го погодила хотелот во Никопоље во кој биле сместени Вершиќ и неговиот српски снимател Ненад Дилпариќ.

Вершиќ извести дека никој не е повреден, но дека е оштетен покривот и некои соби, како и автомобилот на дописникот.

Тој во видеото објавено на неговиот Фејсбук профил посочи дека две гранати паднале врз хотелот, од страната каде што се наоѓаат собите на тимот на ОРФ.

Шефот на воената управа на регионот Дњепропетровск, Валентин Ресниченко, за агенцијата Укринформ го потврдил гранатирањето на Никопол, тврдејќи дека цел на Русите биле трите општини Никопол, Марханец и Червонохрихоривка.

Тој рече дека во нападот нема повредени, но дека се оштетени неколку станбени згради и куќи, како и дека е прекината електричната мрежа.

Спонзорирано: