11.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Холандските разузнавачи тврдат: Русија увезува воена технологија преку лажни компании

Холандското воено разузнавање предупреди дека Москва се обидува да добие високотехнолошки средства за војната во Украина преку лажни компании, објавија локалните медиуми.

Јан Свиленс, шеф на холандската воена разузнавачка служба (МИВД), рече дека руските тајни служби формирале десетици „фронт компании“ во Холандија за да ги избегнат санкциите од Западот.

Тие купиле технологија во Холандија, а потоа ја увезувале во Русија за воени цели, изјави тој за дневниот весник Financieele Dagblad (FD).

Неговите коментари беа потврдени од холандското Министерство за одбрана, според холандската новинска агенција АНП и јавниот сервис НОС.

– Колку се построги санкциите, толку им станува потешко на руските разузнавачи и тие мора да бидат поинвентивни за да ги заобиколат санкциите. Затоа, на претприемачите им беше тешко да разберат дека индиректно водат бизнис со Русија – рече портпаролот на Министерството за одбрана.

Спонзорирано: