10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Провалник упаднал во домот на Ненси Пелоси и го нападнал нејзиниот сопруг со чекан

Сопругот на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, Пол Пелоси, бил нападнат откако провалник упаднал во семејната куќа, јавуваат светските медиуми.

Пол Пелоси (82) се здобил со повреди на главата и телото, а напаѓачот кој намерно упаднал во нивната куќа го удрил со чекан. Напаѓачот моментално е во притвор.

При упадот во куќата, напаѓачот извикал „каде е Ненси“, пренесуваат американските медиуми.

„ Рано утринава провалник упадна во домот на Пелоси во Сан Франциско и насилно го нападна г. Пелоси. Напаѓачот е уапсен, а мотивите за нападот се под истрага“, изјави портпаролот на Пелоси.

Пол Пелоси е повреден и е во болница, но се очекува целосно да закрепне, пренесува Си-Ен-Ен.

Дру Хамил, портпарол на Ненси Пелоси, рече дека напаѓачот е во притвор и дека се истражува мотивот.

Спонзорирано: