Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Грковска-Цури: ИПА-проектите се важни за развојот на државата и затоа мора ефикасно да се реализираат

Заменик-претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска имаше работен состанок со првиот човек на Ревизорското тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош, овластениот државен ревизор Адем Цури со кого разговараше за динамиката со која се имплементираат ИПА и ИПАРД-фондовите во земјава и начинот како да се зголеми ефикасноста на институциите во оваа насока.

Вицепремиерката Грковска го истакна значењето на ова тело кое ја контролира имплементацијата на фондовите од Европската Унија, но и за важноста навреме да се детектираат евентуални слабости во системот и тие да се надминат.

Државниот ревизор Цури информираше дека во последниот Извештај на Европската комисија, Ревизорското тело за ревизија на претпристапната помош има добиено висока оценка и во однос на професионалноста е лидер во регионот, поради што е определено за координатор за Методологијата за ревизија за пет држави во регионот.

Двајцата соговорници разговараа и за потребата да се зајакнат кадровските капацитети на Ревизорското тело за ревизија на ИПА, како и за потребата да се обезбеди систем на реално вреднување на стручните лица, бидејќи како држава се соочуваме со одлив на стручни и искусни кадри.

Вицепремиерката Грковска оцени дека сите институции кои работат на ИПА-проекти мора да бидат целосно посветени и да ја почитуваат утврдената динамика, за нашата држава да не биде принудена да плаќа казни или да ја губи оваа значајна помош од Европската Унија.

Можеби ќе ве интересира

СТИГНУВА СТУДЕН БРАН ВО МАКЕДОНИЈА – Дожд, силен ветер и снег на планините, температурите нагло ќе се намалат

ДЕСК

ВЕЧЕРВА СПРОТИ АРАНЃЕЛОВДЕН – Кои обичаи се негуваат во домовите и што се прави утре на големиот празник?

ДЕСК

УТРЕ Е ГОЛЕМ ПРАВОСЛАВЕН ПРАЗНИК – Се слави Свети Архангел Михаил, небесниот заштитник и предводник на ангелите

ДЕСК