12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

„Фолксваген“ и „Континентал“ ќе инвестираат речиси една милијарда долари во производство во Мексико

Германскиот автомобилски гигант Фолксваген и добавувачот на делови Континентал најавија инвестиции од речиси 1 милијарда долари во производство на бензински автомобили, електроника и делови за сопирачки во Мексико. Компанијата ќе инвестира 763,5 милиони долари до 2025 година за да изгради нова фабрика за бои во комплексот во државата Пуебла и да ја подготви за производство на нови автомобили на бензин.

Производствениот комплекс во Мексико е една од најголемите фабрики на Фолксваген во светот. Фабриката за бои ќе користи електрична енергија од турбината на ветер и ќе биде прва во групата која работи исклучиво на чиста енергија, се посочува во соопштението.

Германскиот производител на автомобилски делови Континентал исто така најави инвестиција во Мексико. Планира да инвестира околу 210 милиони долари во нова фабрика за автомобилска електроника и проширување на капацитетот во фабрика за делови за сопирачки во државата Гуанахуато.

Двата проекта се речиси завршени, а отворањето се очекува на почетокот на следната година, велат од „Континентал“ и додаваат дека во следните три години очекуваат отворање на повеќе од 1.500 нови работни места.

Американски Џенерал Моторс минатата година објави дека ќе инвестира една милијарда долари во комплексот Рамос Аризпе, каде од 2023 година ќе произведува електрични возила.

Јапонскиот Нисан во мај објави дека ќе инвестира 700 милиони долари во производство во Мексико во следните три години. На групацијата и се придружува европскиот Стелантис, кој најави инвестиции од повеќе милијарди, а извори тврдат дека и извршниот директор на Тесла, Илон Маск, размислува за слични планови.

Спонзорирано: