10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Уште едно лансирање ракета: Пјонгјанг истрела две балистички ракети со краток дострел

Северна Кореја истрела две балистички ракети со краток дострел од нејзиниот источен брег, соопшти денеска јужнокорејската војска.

Лансирањето на проектилот е последното во серијата лансирања на Северна Кореја од почетокот на годината. Во соопштението на јужнокорејската војска се вели дека проектилите биле истрелани од областа Тонгчеон во провинцијата Северен Гангвон.

Јужнокорејските сили денеска ја завршуваат дванаесетдневната воена вежба „Хогук 22“ во која учествуваше и американската армија.

Северна Кореја претходно објави дека лансирањето на ракетите било извршено во знак на протест поради заедничките вежби за кои тврди дека се провокативни и дека се проба за инвазија.

Јужна Кореја и САД наведуваат дека вежбите се од одбранбен карактер и се неопходни за да се спротивстават на заканите од Северна Кореја.