16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Воени аналитичари: Русите се обидуваат да ја прилагодат својата воена реторика на христијаните и на муслиманите

Воени аналитичари го коментираат фактот дека претставникот на рускиот Совет за безбедност Алексеј Павлов изјавил дека Москва треба да се фокусира на „десотонизација“ на Украина.

Американскиот безбедносен и одбранбен тинк-тенк, Институтот за проучување на војната (ISW), утринава објави дека руските власти со такви изјави се обидуваат да ја прилагодат својата воена реторика и на христијаните и на муслиманите.

Инаку, изјавите за „десотонизација“ на Украина дојдоа по неколку извештаи за судири меѓу муслимански и немуслимански војници во редовите на руската армија, при што имаше и жестоки конфронтации.

Институтот објави дека коментарите на Павлов „кој повикува на војна на религиозна, но не експлицитна христијанска основа“ најверојатно има за цел „да ги надмине верските поделби и да ги постави условите за континуирано регрутирање на етничките и верските малцинства да се борат во Украина“.

Павлов рече дека целта на војната треба да биде „целосна десотонизација“ и дека украинското општество е дефинирано од „фанатици“ кои сакаат да ги напуштат вредностите на руските православни верници, муслиманите и припадниците на еврејската вера.

Спонзорирано: