Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Почувствуван земјотрес во скопското епицентрално подрачје

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, после полноќ на 04.05.2024 година во 01 часот и 39 минути, регистрираше земјотрес чиj епицентар припаѓа на Скопското епицентрално подрачје, со Рихтерова локална магнитуда ML1.9.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во градот Скопје и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, информираат од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ДОЖД И СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ ВО МАКЕДОНИЈА – Денеска температури до 18 степени

ДЕСК

Почна гласањето во Брвеница – гласаат вкупно 107 болни лица

ДЕСК

РОДИТЕЛИТЕ ИМ ГО ПРЕПИШАЛЕ СТАНОТ НА ДЕЦАТА – Што ако еден ден им кажат дека повеќе немаат право да живеат таму?

ДЕСК