20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Протести во Иран по повод 40 дена од смртта на Махса Амини

Десетици активисти се собраа денеска на гробот на Махса Амини за да одбележат 40 дена од нејзината смрт, извикувајќи ги паролите „Жени, живот, слобода“ и „Смрт за диктаторот“.

Протести се одржуваат и на Универзитетот во Техеран и други академски институции во земјата, пишува „Гардијан“.

Иранската полиција и безбедносните сили распоредија силни сили во Саќез, родниот град на Махса Амини, но и во Техеран, Табриз и Рашт.

Активистите повикаа на демонстрации по повод 40 дена од смртта на девојката која почина на 16 септември во истражниот затвор на иранската полиција, каде што беше затворена поради „несоодветна облека“.

Смртта на Махса Амини предизвика масовни протести низ целата земја, а иранската полиција одговори со употреба на сила.

Организациите за човекови права велат дека најмалку 250 демонстранти се убиени, а илјадници од нив се уапсени.
Владата во Техеран ги обвинува САД и другите западни земји дека се вклучени во протестот.

Спонзорирано: