12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Бочварски во „АД Пошти“ – во фокусот тековните состојби и барањата на синдикатите

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, и директорот на АД Пошти, Васко Стефанов, денеска остварија средба со претставници на синдикалните организации при АД Пошти придружувани од претседателот на Сојузот на Синдикати на Македонија.

На средбата се разговараше за тековните состојби во АД Пошти, како и за барањата на синдикалните организации.

Mинистерот Бочварски ја потенцираше поддршката од страна на ресорното министерство и владата и посочи дека само со заеднички заложби на сите инволвирани страни ќе можат да се подигне квалитетот на поштенските услуги во насока на повторно стекнување доверба кај граѓаните во АД Пошти.

Од средбата произлегоа неколку обврски и иницијативи на кои се согласија синдикалните организаци, и тоа:

– Исплатата на плата за месец септември да биде извршена најдоцна до петок, 28 октомври, а платите за наредните месеци да бидат исплатени во законски предвидениот рок.

– Министерството за транспорт и врски се обврза да достави информација до Владата и на наредната владина седница да стави точка на дневен ред со која се дава задолжение до сите државни институции да ги користат услугите на АД Пошти на Република Северна Македонија, согласно измените во Законот за поштенски услуги.

– Се задолжува АД Пошта да направи план за намалување на непродуктивните расходи, рационализација согласно препораките на Владата.

– Управниот одбор на АД Пошти ќе почне со изготвување на нова систематизација и нова реонизација за максимална продуктивност на вработените.

– Владата ќе го следи целокупниот процес на реорганизација, рационализација и оптимизација на работењето на АД Пошти, процес кој ќе започне веднаш и ќе трае до 31 декември 2022 година.

– Владата ќе препорача на Агенцијата за пошти да продолжи со надзор и контрола на поштенскиот пазар над правни субјекти кои немаат добиени општо овластување за обезбедување на поштенски услуги издадено до Агенцијата за пошти.

Со ваквите завземени ставови протестот се става во мирување и засегнатите страни се обврзуваат на заемна поддршка за почитување на обврските.

Спонзорирано: