14.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Срби уапсени во Франција за шверц на дрога, еден од нив поранешен спортист

Двајца Срби се уапсени за една недела во Франција, откако биле фатени како превезуваат дрога.

Според информациите, двајцата превезувале иста количина на дрога и ја криеле на истите места.

На 7 октомври полицијата уапси Србин кој возел „ауди А5“ во кое криел 24,2 килограми марихуана сокриена зад задното седиште и багажникот. Само една недела подоцна е фатен уште еден Србин кој на ист начин со „мерцедес“ превезувал 24,3 килограми дрога, пренесува „Линдепендант“.

Како што пренесува овој портал, Србите по апсењето наводно тврделе дека биле принудени да се согласат да транспортираат дрога бидејќи биле сиромашни.

Истрагата утврдила дека тие подолго време престојувале во Шпанија, додека во телефонот на еден од уапсените биле пронајдени фотографии и видеа на кои се гледа како позира на плантажа со канабис, но и со голема сума пари.

Наводно, според францускиот портал, еден од уапсените рекол дека е поранешен професионален спортист, кој поради повреда ја завршил кариерата.

Спонзорирано: