10.4 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Белиот дворец е синоним за криминал и нелегален имот, ВМРО ДПМНЕ се што има да достави до ДКСК

Синоним за криминал, корупција и незаконски имот стекнат со пари украдени од граѓаните е Белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ. Судската пресуда Талир 2 докажа дека Белиот дворец е стекнат со злоупотреба на милионски суми, врз грбот на граѓаните. Деталниот урбанистички план три пати е менуван за ВМРО-ДПМНЕ да добие 12.000 квадратни метри за седиштето, а на местото на станбена зграда, да никне хотел, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата додаваат дека се докажало дека ВМРО-ДПМНЕ ги крадела граѓаните, трупала имот, луксуз и пари на незаконски, криминален начин, додека граѓаните тонеа во сиромаштија и долгови. Кога зборува за имоти, ВМРО-ДПМНЕ прво нека погледне во своите редови и својот дворец.

Ако ВМРО-ДПМНЕ навистина поседува некакви информации за функционери кои не пријавиле имот треба да ги достават до надлежната институција – ДКСК, за понатамошно постапување, се вели во соопштението.

Спонзорирано: