26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Откриена причината за уривањето на воениот авион врз зградата, налетал на галеби

Причина за падот на рускиот воен авион кој удри во станбена зграда во градот Јејск, во близина на југоисточната граница со Украина, биле два галеба кои паднале во моторот, објави руската државна агенција ТАСС.

„Причината за падот на бомбардерот во Јејск е ударот на два галеба врз моторите на авионот. Тоа довело до пожар и пад на авионот, објавија агенциите за спроведување на законот“.

Тие наведуваат и дека птиците паднале во моторите при полетувањето на бомбардерот.

„Остатоците од галебите ги пронајдоа експерти при испитување на деловите од авионот“, пренесува ТАСС.

При уривањето на авионот загинаа 15 лица. Пожарникарите успеаја да го изгаснат пожарот, а од запалениот дел од зградата не останало многу. Тој дел од зградата, покажува снимката, е уништен.