8.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТИЗБОР

Русите повторно гаѓаа енергетски објекти

Руските сили извршија уште еден ракетен напад врз енергетски објекти во западна Украина, објави операторот на електричната мрежа на земјата. Во пораката на Телеграм, Укренерго пишува дека „скалата на штетата е споредлива или може да ги надмине последиците од нападот од 10 до 12 октомври“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави дека 30 отсто од електраните во земјата биле уништени од руските бомбардирања.

Во текот на денот беа истрелани ракети врз неколку делови на Украина, а утрово ширум земјата се огласија сирени за воздушен напад. Украинските власти и медиумите објавија дека има експлозии во северозападниот град Ривне, во пошироката област Киев и во Одеса.

Системот за противвоздушна одбрана бил активен, соопштија властите на главниот град.

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко ги потврди нападите на главниот град.

„Се огласуваат сирените за воздушен напад“, напиша Кличко на својот канал Телеграм и ги советуваше граѓаните да останат во засолништата за воздушни напади.

Спонзорирано: