20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАСВЕТ

Итна наредба издадоа окупаторите во Украина: „Бегајте веднаш“

Проруските окупаторски власти во окупираната руска област Херсон, инсталирана од Москва, им наредија на цивилите веднаш да го напуштат градот.

„Поради напнатата ситуација на фронтот и зголемената опасност од масовно гранатирање на градот и заканата од терористички напади, сите цивили мора веднаш да го напуштат градот и да се префрлат на левата страна на реката Днепар“.

Украинските сили, да потсетиме, веќе извесно време спроведуваат контраофанзива во тој регион.

Очигледно, нивната цел е да го ослободат главниот град на регионот, кој е и најнаселениот украински град што Русите досега го зазеле во војната против Украина.