26.8 C
Скопје
23. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАСВЕТ

Зеленски: Русија истрела 36 проектили кон Украина во текот на ноќта

Русија истрела 36 ракети во текот на ноќта како дел од нападот врз Украина, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски. Повеќето од ракетите се соборени од украинската воздушна одбрана, напиша Зеленски на Телеграм.

Зеленски изјави и дека сите работници кои моментално ги поправаат оштетените инфраструктурни објекти се украински херои.

Во последните недели, руските сили гаѓаа инфраструктурни објекти во Украина, како што се електрани и водоводни цевки.