20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Две лица загинаа во судир на траект и брод во Холандија

Две лица загинаа кога ферибот и мал брод се судрија денеска во холандското Ваденско Море, а едно дете се води за исчезнато.

Локалните власти соопштија дека рано утринава се судриле траект и помало водно такси, при што сите седум лица на помалиот брод паднале во водата, пренесе холандската новинска агенција АНП.

Двајца загинаа, а четворица беа спасени набргу по падот, според извештајот.

Властите не соопштуваат детали за тоа што го предизвикало инцидентот, наведува британската агенција.