22.8 C
Скопје
23. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Четири лица уапсени поради детска порнографија во Република Српска

Полицијата на Република Српска уапси четири лица од Приедор, Добој, Сребреница и од Милиќ, осомничени дека сториле кривично дело користење деца за порнографија.

Министерството за внатрешни работи на РС соопшти дека тие лица се ослободени по вештачењето.

Во соопштението се наведува дека осомничените посетувале веб-страници со фотографии од детска порнографија, презеле фотографии и видеа, кои ги споделувале преку социјалните мрежи и апликации – „Фејсбук“, „Инстаграм“, „Снепчет“, „Дискорд“, „Кик“ и „Телеграм“.

Возраста на жртвите чиј фотографски и видеоматеријал е користен е од две до 12 години.

Полицијата извршила претрес и во становите на осомничените и им ги одзела компјутерите, таблетите, мобилните телефони, УСБ-стиковите, мемориските картички, СИМ-картичките и други уреди за складирање дигитални податоци, кои содржат фотографии и видеа со содржина на сексуална експлоатација на деца.

Во наредниот период, се посочува во соопштението на Министерството за внатрешни работи на РС, ќе се вршат анализи и вештачења на електронски уреди и податоци, ќе се собираат дополнителни информации и докази и ќе се разменуваат информации со надлежните институции во земјата и странство по што против овие лица ќе биде поднесена пријава за кривично дело до надлежните обвинителства.

Лицата се уапсени во периодот од 30 септември до вторник, 19 октомври, во рамките на криминалната акција со кодно име „Систем 2022“.