11.8 C
Скопје
24. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото ДСНС Украина/Харков
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Иран до своите граѓани: Напуштете ја Украина

Министерството за надворешни работи на Иран ги предупреди своите граѓани да се воздржат од патување во Украина, а на Иранците таму им беше кажано да ја напуштат земјата.

„Поради воената ескалација во Украина, силно им предлагаме на сите Иранци да се воздржат од патување во таа земја. Покрај тоа, ги советуваме Иранците кои живеат во Украина да ја напуштат земјата заради сопствена безбедност“, се вели во соопштението на иранското Министерство за надворешни работи.

Вашингтон го обвини Техеран за „директно учество“ во руската инвазија на Украина со давање техничка поддршка на руските пилоти кои управуваат со ирански беспилотни летала и напаѓаат цивилни цели.