26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

Во Пекинг се воведуваат строги мерки: Бројот на заразени е зголемен за четири пати

Мерките против ширење на коронавирусот, градските власти во Пекинг се драстично заострени. Ова се случи откако бројот на заразени се зголеми за четири пати.

Се зголеми бројот на случајни улични тестови, а некои населби беа затворени три дена како мерка на претпазливост.

Градот со 21 милион жители во четвртокот пријави 18 нови случаи на зараза, што е вкупно 197 заразени во периодот од последните десет дена. Во изминатиот 10-дневен период имало само 49 заболени, па градските власти се загрижени дека вирусот повторно нема да се прошири на поголем број луѓе.

Мерките беа заострени за време на големиот конгрес на владејачката Комунистичка партија, кој се одржува на секои пет години. Се очекува на овој конгрес претседателот Си Џинпинг да добие трет последователен мандат.