23.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Украина: Соборивме 12 беспилотни летала камикази

Јужната команда на украинските воздухопловни сили утринава соопшти дека собориле 12 беспилотни летала камикази во регионот на Миколаев.

„Ноќта меѓу 18 и 19 октомври непријателот со камиказе беспилотни летала „Шахед-136“ го нападна Николаевскиот регион. Вкупно 11 беспилотни летала беа соборени од војниците на Јужната команда на воздухопловните сили, а еден беше соборен од војник на Националната гарда на Украина“, се вели во соопштението. Овие тврдења не се потврдени.