15.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Фон дер Лајен: Руските напади со дронови се акти на терор

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави денеска дека нападите со руски дронови врз украинската цивилна инфраструктура се „акти на чист терор“ и претставуваат воени злосторства.

„Вчера повторно ги видовме целните напади на Русија врз цивилната инфраструктура. Тоа означува уште едно поглавје во веќе многу сурова војна… Тоа се воени злосторства“, рече фон дер Лајен во говорот пред Европскиот парламент.

Фон дер Лајен заклучува дека нападите врз цивилната инфраструктура, чија цел е да им се оневозможи на жителите на Украина пристап до вода, струја и греење, мора да се нарекуваат терор.

Во последниве недели, Украина пријави повеќе руски напади користејќи беспилотни летала од Иран.

Спонзорирано: