15.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Белорусија ги повикува граѓаните да се пријават во воениот регистар: „Ова не е мобилизација“

Белорусија денеска соопшти дека почнала да ги повикува граѓаните да проверат дали се запишани во воениот регистар, но тврди дека не планира мобилизација.

„Активностите за регистрација и регрутирање на војската се строго рутински и се очекува да бидат завршени до крајот на оваа година“, објави Министерството за одбрана.

Иако Белорусија не испрати свои војници да се борат во Украина, таа ја отстапи својата територија на руските сили, кои ја користат како позадинска база.

Киев смета дека руските авиони кои ја бомбардираат Украина полетуваат од Белорусија.

Спонзорирано: