10.4 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Шолц: Недоразбирањето за нуклеарните централи ќе го решиме во наредните денови

Германската влада ќе го реши несогласувањето за нуклеарната енергија во наредните денови, изјави денеска канцеларот Олаф Шолц по одложувањето на плановите за затворање две нуклеарни централи до крајот на годината.

„Одлучивме да продолжиме, особено оваа зима, да користиме нуклеарна енергија и ова практично прашање ќе биде решено бргу и навреме следната недела“, рече Шолц во Берлин за време на заедничката прес-конференција со монголскиот колега Лувсанамсраин Ојун-Ерден.

Германската влада во понеделникот не го одобри нацрт-законот со кој последните две нуклеарни централи би биле резервни по планираното затворање поради политичко недоразбирање.

Спонзорирано: