8.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Британската премиерка по смената на министерот за финансии: Нема да поднесам оставка

Премиерката на Велика Британија, Лиз Трас, изјави дека нема намера да поднесе оставка.

„Апсолутно сум решена да го исполнам тоа што го ветив, да испорачам повисок раст, попросперитетно Обединето Кралство низ бурата со која се соочуваме“, рече Трас на прес-конференција во нејзината канцеларија.

„Веќе воведовме загарантирана цена на енергијата обезбедувајќи луѓето да не добиваат огромни сметки зимава“, посочи таа.

Таа потсети дека партијата ја избрала за да постигне ниски даноци, високи плати и висок раст додавајќи дека тоа е сепак нејзина задача. Трас истакна дека секогаш ќе постапува од националниот интерес.

„Ќе го пребродиме ова невреме“, рече премиерката.

Трас го назначи поранешниот министер за надворешни работи, Џереми Хант, за нов министер за финансии откога Кваси Квартенг беше разрешен.

Спонзорирано: