26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Архива / Влада на Русија
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТИЗБОР

Медведев: Изјавите на Борел за можноста од руски нуклеарен напад се параноја

Поранешниот претседател на Русија и заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев се осврна на изјавите на Џозеф Борел, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност.

Борел рече дека во случај на нуклеарен напад врз Украина, Западот силно ќе одговори и руската армија ќе биде уништена. Медведев ги коментираше изјавите на Борел на неговата страница на ВКонтакте.

„Неодамнешните изјави на Џозеф Борел покажуваат дека западните земји не се подготвени да понудат целосна поддршка на Украина, доведувајќи го светот на работ на нуклеарна апокалипса. Тврдењата за можноста за руски нуклеарен напад врз Украина што ги изнесе Борел не се ништо повеќе од параноја“, пишува проруската новинска агенција ТАСС.

Заменик-секретарот на рускиот Совет за безбедност Александар Венедиктов во интервју за ТАСС на 13 октомври изјави дека за разлика од нивните западни колеги, руските власти никогаш јавно не се заканувале дека ќе употребат нуклеарно оружје или кое било друго оружје за масовно уништување.

ТАСС пишува дека „според руската нуклеарна доктрина, употребата на руското нуклеарно оружје е можна само доколку непријателот употреби ваков или друг вид оружје за масовно уништување против Руската Федерација и нејзините сојузници. Исто така, доколку има веродостојни информации за лансирање балистички ракети против Русија и нејзините сојузници, ако непријателот влијае врз објектите неопходни за нуклеарна одмазда, како и во случај на агресија врз Руската Федерација со употреба на конвенционално оружје, кога се загрозува самото постоење на државата“.