Од Соединетите Американски Држави во Украина пристигнаа уште четири ХИМАРС, артилериски ракетни системи со висока подвижност, кои се познати и како моќни американски ракетни фрлачи.
Оваа информација на Твитер ја потврди Олексеј Резников, министер за одбрана на Украина.
– Пристигнаа дополнителни четири ХИМАРСИ од нашите американски партнери. Им благодарам на Џо Бајден, Лојд Остин и на американскиот народ – изјави Резников.
Тој потоа коментираше што всушност значи ова оружје за Украина.
– Ова се добри времиња за Украинците, но лоши времиња за окупаторите. Одлични вести пред Рамштајн 6 на кој одам утре. Ќе има уште – заклучи украинскиот министер за одбрана.