23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Бајден: Црвената линија е премината, стигнавме до највисоката точка

Американскиот претседател Џозеф Бајден вели дека не гледа добра причина да се сретне со Владимир Путин на средината на следниот месец на самитот на Г-20 во Индонезија, според светските агенции.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вчера изјави дека Москва нема да ја одбие таа средба.

„Се зависи од тоа за што Путин би сакал да разговара. Ако сакаше да зборува за затворената американска кошаркарка во Русија, Бритни Грајнер, тогаш би можеле да разговараме. Но, слушајте, неговите постапки се брутални. Верувам дека извршил воени злосторства , така што не гледам рационална причина да се сретнам со него сега“, изјави Бајден за Си-Ен-Ен.

За војната во Украина, тој рече дека не верува оти Путин ќе употреби нуклеарно оружје.

„Не верувам во тоа. Мислам дека е неодговорно Путин да зборува за тоа, идејата дека лидерот на една од најголемите светски сили вели дека може да употреби тактичко нуклеарно оружје во Украина“, додаде Бајден.

Бајден рече дека заканите на Путин имаат дестабилизирачки фактор и предупреди на потенцијални грешки во расудувањето.

„Поентата што сакам да ја наведам е дека грешките може да доведат до ужасен исход, но не затоа што некој сака сè да претвори во светска војна. Меѓутоа, кога еднаш ќе употребите нуклеарно оружје, кој знае што ќе се случи“, рече Бајден.

Бајден рече дека нуклеарните тензии се на највисоката точка од кубанската ракетна криза во 1960 година и предупреди дека војната што беснее во Украина на крајот може да доведе до „Армагедон“.