23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТИЗБОР

Молдавија ја разгледува можноста за делумна мобилизација

Министерот за одбрана на Молдавија, Анатолиј Носатин изјави дека во земјата ќе биде прогласена делумна мобилизација во случај на закана за безбедноста на земјата.

– Општата мобилизација е многу сложено сценарио и не се најавува секогаш кога се менува ситуацијата. Се надевам дека нема да дојдеме до такво сценарио – изјави Носатин за „Про ТВ“.

Тој додаде дека е потребна детална анализа, а доколку навистина е потребно ќе се изврши делумна мобилизација со цел подготовка и зголемување на способноста на вооружените сили за одговор на заканите.

Носатин изјави дека моментално има околу 6.000 војници во молдавската армија, а оружјето е главно од советскиот период.

Министерот истакна дека Молдавија нема противвоздушни системи и дека армијата може да следи само ракети лоцирани на територијата на Молдавија, но, додаде, „народната армија може да купи системи Патриот“.

Министерството за одбрана на Молдавија претходно тврдеше дека три проектили лансирани од бродови во Црното Море вчера ја прелетале земјата.

Амбасадорот на Русија во Кишињев Олег Васнецов беше поканет во Министерството за надворешни работи на Молдавија. Властите ја разгледаа и можноста за затворање на воздушниот простор.