23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТИЗБОР

Руси бегаат во Јужна Кореја со јахти, влезот им бил одбиен

Повеќе од 20 Руси отпловија до Јужна Кореја со јахти во обид да избегнат регрутација, но на повеќето им беше забранет влезот, објавија повеќе медиуми.

Откако рускиот претседател Владимир Путин нареди делумна мобилизација на 21 септември, имаше егзодус на мажи на возраст за регрутирање од Русија, иако повеќето побегнаа по пат, железница и воздух во Европа и соседните земји од поранешниот Советски Сојуз, како Грузија, Азербејџан и Казахстан, наведуваат медиумите.

Јужнокорејската телевизија КБС објави дека најмалку 21 Русин пристигнале со јахти во пристаништата на југот на земјата, но само на двајца им бил дозволен влез. Официјален претставник на крајбрежната стража одбил да каже зошто на другите им бил забранет влезот, пренесува медиумот.

КБС објави дека три јахти се закотвиле во југоисточниот пристанишен град Поханг во текот на изминатите неколку дена, претежно со мажи на возраст од 20 и 30 години.