23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАСВЕТТОП ВЕСТИ

Бајден: „Путин е рационален актер“

Претседателот Џо Бајден изјави денеска дека верува оти рускиот претседател Владимир Путин е „рационален актер“, кој сепак погрешно ја процени својата способност.

„Мислам дека тој е рационален актер кој направи значајна грешка“, рече Бајден во интервју за Си-Ен-Ен.

Претходно денеска, Бајден му вети на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Вашингтон ќе и обезбеди на Украина напредни воздушни системи по разорниот руски ракетен напад, објави Белата куќа.

Во телефонскиот разговор со Зеленски, Бајден изрази уверување за континуирана поддршка на САД и ги осуди руските „бесмислени напади“ кои погодија цивилни цели.

Американскиот претседател, исто така, му рекол на Зеленски дека САД и нивните сојузници и партнери ќе продолжат да ја бараат Русија одговорна, сметајќи ја одговорна за воени и други злосторства и обезбедувајќи безбедносна, економска и хуманитарна помош за Украина.