20.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Се огласи Путин по експлозијата на мостот на Крим, издаде итна наредба

Рускиот претседател Владимир Путин се огласи по големата експлозија која го оштети мостот на Крим.

Тој добил извештаи од премиерот Михаил Мишустин, вицепремиерот Марат Куснулин и уште неколку официјални лица во врска со ситуацијата на мостот на Крим, јавува Гласот на народот.

Путин дал наредба да се формира владина комисија која што поскоро ќе ги открие причините за инцидентот и ќе ги отстрани последиците.

Ќе бидат вклучени и шефот на територијата на Краснодар и Крим, претставници на Националната гарда, ФСБ и Министерството за внатрешни работи.

Во име на претседателот на Русија, на местото на настанот излегоа министерот за транспорт Виталиј Савељев и шефот на Министерството за вонредни ситуации Александар Куренков.