14.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Мајки врескаат, се бројат жртви, се појавија снимки од пред градинката на Тајланд

На социјалните мрежи се појавија првите видеа од пред градинка на Тајланд, каде што имало масовно пукање. Според последните податоци, загинале најмалку 32 лица, од кои најмалку 10 се деца.

На видеата се гледаат многу луѓе пред градинката, најверојатно, родители, се гушкаат со децата, а други врескаат, пренесуваат медиумите.

На терен се и возила на брзата помош, а се гледаат телата на жртвите покриени со чаршафи.

Осомничениот наводно е експолицаецот Пања Камраб (34), кој наводно бил отпуштен од службата поради консумирање наркотични дроги.

Според некои медиуми, осомничениот е во бегство, а други пишуваат дека се самоубил.

Полицијата соопшти дека пукањето се случило во североисточната провинција на земјата.

Засега не е познат мотивот зад овој напад.

Спонзорирано: