13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСИЗБОР

Николовски: Со договорот за слободна трговија до слободен и бесцарински извоз на нашите земјоделски производи во Украина

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денска во украинската амбасада во Прага во присуство на двајцата премиери на Македонија и Украина, Димитар Ковачевски и Денис Шмихал, заедно со заменик-министерот за економски развој и трговија на Украина, Тарас Качка, ги потпиша одлуките за ревидирање на протоколите од договорот за слободна трговија помеѓу Македонија и Украина.

Преку потпишувањето на овој договор се овозможува бесцарински извоз меѓу двете земји, особено на свежото овошје и зеленчук. Македонските земјоделски производи зелка, јаболко, домат, краставица, грозје, како и други земјоделски производи, слободно ќе се извезуваат за Украина. Со потпишувањето на овој договор се постигнува и многу поголема либерализација во врска со правилата за потекло на стоката.

Зајакнувањето на соработката помеѓу нашите две држави доаѓа во значаен момент за двете држави, а бенефит од овој договор ќе имаат македонскиот и украинскиот народ.

Министерот Николовски упати благодарност до премиерот на Украина, Денис Шмихал, и заменикот-министерот Тарас Качка, што во вакви сложени услови најдоа време и желба за да се потпише овој значаен договор.

Спонзорирано: