3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Шкотската национална партија побара независност на Шкотска, еден од аргументите им е Косово

Шкотската национална партија (СНП) објави дека Шкотланѓаните се една нација и побара независност.

Како еден од аргументите го наведе прогласувањето на независноста на Косово, кое го призна Велика Британија.

Партијата e децидна дека Шкотланѓаните имаат неотуѓиво право на самоопределување, пренесе „Коха“.

Огромното мнозинство експерти веруваат дека повикот на лидерот на партијата, Никола Стерџон, за нов референдум во октомври в година ќе биде отфрлен бидејќи Законот за Шкотска јасно покажува дека кралската резиденција во Шкотска не може самостојно да донесува закони за области во рамките на Кралството. Сепак, СНП смета дека иако британскиот Парламент можеби е врховен законодавец во Обединетото Кралство, тој „не може да се меша во основното право на самоопределување“.

Врховниот суд ѝ дозволи на странката да го изнесе своето образложение во писмена форма. Во писмото до СНП, Повелбата на Обединетите нации од 1945 година, канадскиот судски случај за Квебек и британската поддршка за независноста на Косово во 2008 година се наведуваат како аргументи. Беше цитирана и декларацијата на Обединетите нации од 1984 година кога беше речено дека власта треба да биде во рацете на народот, а не на владата.

„Нацијата може да се дефинира според државните граници, како што често беше случај со независноста на поранешните колонијални територии“, се наведува во документот. Во 2014 година Шкотланѓаните одржаа референдум за независност, но 55 отсто од гласачите на референдумот гласаа против.

Спонзорирано: